Victoria government logo

Three-Year-Old Kindergarten brochure - Macedonian

Викториската влада инвестира речиси 5 милијарди долари во текот на една деценија за воведување на универзално финансирани градинки за тригодишни деца – и тоа е сега на располагање ширум државата.

Викториската влада инвестира речиси 5 милијарди долари во текот на една деценија за воведување на универзално финансирани градинки за тригодишни деца – и тоа е сега на располагање ширум државата.

За викториските деца тоа значи уште една година учење, растење, играње и другарување.

Учеството во квалитетна програма за градинки за деца од тригодишна возраст ги подобрува учењето, развојот, здравјето и добросостојбата на децата.

Малите деца учат за светот околу нив низ играње

Малите деца најдобро учат низ играње. Тоа им дава можност да ја користат нивната имагинација, да ги зголемуваат јазичните способности и да учат за броеви и облици. Исто така, тие учат како да се слагаат со други, да споделуваат, слушаат и да си ги контролираат чувствата.

На децата во Викторија им се на располагање две години финансирана градинка

Децата ширум државата од 2022 година ќе имаат корист од пристап од најмалку пет часа неделно на финансирана програма во градинка. Бројот на часови ќе се зголеми на 15 часа неделно до 2029 година.

Без оглед каде вашето дете ќе оди во градинка, програмата ќе ја водат учители и обучени просветни работници

Децата може да учествуваат во програма за градинки или во установа за целодневен престој (childcare) или во самостојна детска градинка.

Малите деца учат за светот низ игра

Тие учат како да се слагаат со други, да споделуваат, да слушаат и да си ги контролираат чувствата

Во програма за градинки, децата го користат играњето за да ги подобрат јазичните способности и да учат за броеви и облици

Учителите и просветните работници им помагаат на децата да станат љубопитни, креативни и сигурни во себе во поглед на учењето

    • Самостојни детски градинки
      • Програми за детски градинки - Децата учествуваат во програми за детски градинки одреден број денови и часови
    • Установи за целодневен престој
      • Програми за детски градинки - Децата учествуваат во програма за градинки како дел времето што го поминуваат во целодневен престој
      • Образование и грижа - Установите за целодневен престој нудат образование и грижа за деца на возраст од 0 до 6 години

    Сите финансирани програми за градинки мора да се придржуваат на владините упатства за безбедност и квалитет, и се подготвени според Викториската шема за учење и развој во раното детство (Victorian Early Years Learning and Development Framework).

    Центар за целодневен престој може да понуди цел ден образование и грижа, вклучително програма за градинки. Програмата за градинки водена од учител е интегрирана со дополнителни часови на образование и грижа. Во самостојни установи, програмата за градинки ќе се изведува само во извесни денови и во одредено време. Тие денови и часови ги одредува детската градинка.

    Одлуката каде да го пратите вашето дете може да зависи од тоа кои услуги се достапни во вашата заедница и што најмногу им одговара на вашето семејство и на детето

  • Разговарајте во вашата локална детска градинка за нивниот процес на запишување и рокови, и посетете го нивниот центар и персонал. За да најдете локална детска градинка и за информации како да одберете служба што му одговара на вашето семејство, посетете ја веб-страницата How to choose a kindergarten

    Одбирањето квалитетна детска градинка ќе обезбеди детето најдобро да го искористи времето во неа. Оценки на квалитетот на градинки може да видите на www.startingblocks.gov.auExternal Link

  • Повеќето градинки имаат процес на запишување што почнува во годината пред детето да ја започне програмата за градинки, па затоа треба да размислувате за запишување кога вашето дете ќе наполни две години.

    Семејствата и негувателите со деца родени меѓу јануари и април може да избираат која година децата ќе започнат да одат во градинка за тригодишни деца. Семејствата може да изберат нивните деца да појдат следната година за да бидат во чекор со возраста за поаѓање во училиште, додека други деца ќе бидат на возраст од две години кога почнуваат.

    Децата родени меѓу 1 јануари и 30 април ги исполнуваат условите да појдат во градинка за тригодишни деца во годината кога ќе наполнат три години или во годината кога ќе наполнат четири години.

    Децата можеби нема да можат да посетуваат програми додека не наполнат три години ако службата не може да го обезбеди соодносот меѓу бројот на просветни работници и деца, за деца на двегодишна возраст.

    Децата родени меѓу 1 мај и 31 декември имаат право да одат во градинка за тригодишни деца само во годината кога полнат четири години и во градинка за четиригодишни деца во годината кога полнат пет години.

  • Детето е родено меѓу Забелешки 2020 2021 2022 2023 2024

    21 декември 2016 - 30 април 2017

    Семејствата имаат избор за поаѓање во училиште во 2022 или 2023 година

    Градинка за 3-годишни деца

    Градинка за 4-годишни деца

    Подготвително Одделение 1 Одделение 2

    Градинка за 3-годишни деца

    Градинка за 4-годишни деца

    Подготвително Одделение 1
    1 мај - 20 декември 2017*

    Градинка за 3-годишни деца

    Градинка за 4-годишни деца

    Подготвително Одделение 1
    21 декември 2017 - 30 април 2018 Семејствата имаат избор за поаѓање во училиште во 2023 или 2024 година

    Градинка за 3-годишни деца

    Градинка за 4-годишни деца

    Подготвително Одделение 1

    Градинка за 3-годишни деца

    Градинка за 4-годишни деца

    Подготвително

    1 мај - 20 декември 2018*

    Градинка за 3-годишни деца

    Градинка за 4-годишни деца

    Подготвително

    * Во декември е последното тримесечје 4 во државните училишта.

    Ако училиштето што семејството го избрало има поранешен последен ден на тримесечјето 4, тогаш треба да се користи тој датум.

    • Вашата локална служба за детска градинка или давател на услуги, вклучително установа за целодневен престој
    • Вашата локална општина или медицинска сестра за здравје на мајката и детето
    • Телефонирајте на дежурната линија за родители на Министерството за здравје (Department of Health - DH) на 13 22 89
    • Електронска пошта 3yo.kindergarten@education.vic.gov.au

    Three-Year-Old Kindergarten

Reviewed 07 February 2022