Macedonian - Kinder Tick

Викториската влада има нов симбол за да им помогне на викториските семејства да најдат детска градинка. Симболот се вика Kinder Tick.

Викториската влада има нов симбол за да им помогне на викториските семејства да најдат детска градинка. Симболот се вика Kinder Tick.

Овој симбол ќе го видите на згради во кои има детска градинка или служба за претшколска нега. Овој симбол може да го видите и на нивните интернет страници.

Услугите на детските градинки се многу важни за образованието на децата.

Kinder Tick изгледа вака.

Симболот значи дека услугите ги финансира Викториската влада.

Вашите деца ќе учат од квалификувани учители низ играње.

На пример, тие ќе учат за јазикот, за броеви и за шаблони. Ќе учат како да наоѓаат пријатели, да споделуваат и да слушаат. Исто така, ќе се здобиваат со други знаења што ќе им помогнат да се подготват за училиште.

Од 2022 година, викториските деца можат да посетуваат градинка две години пред да појдат во училиште.

Програмата во градинка може да биде дел од детската нега. Исто така, може да биде одделна програма.

Барајте го знакот Kinder Tick во вашата заедница. Ако ви требаат повеќе информации, разговарајте со учителките во детската градинка.

Updated